| четврток, 6 декември 2018 |

Муслимани, помогнете во борбата против екстремизмот или…

Доколку француските муслимани не и помогнат на земјата во борбата против екстремизмот и оние кои му се закануваат на Републиката, на Париз ќе му стане многу тешко да ја гарантира слободата на исламот и неговите следбеници, изјави денеска францускиот премиер Мануел Валс.

– Низ својата историја, географија и миграција, Франција одржувала јаки врски со исламот – напиша Валс во долгиот есеј за францускиот неделник „Ле журнал ди диманш“.

Додаде дека исламот е втората најголема религија во Франција и дека голем број на француски муслимани не мораат да се идентификуваат  со „арапско-муслиманската култура“. Сепак, пишува Валс, грозниот отров на ектремизмот почна да се шири низ земјата.

 

– Полека и подмолно, поттикнат од надворешните влијанија и се посилниот тренд кон поголема приврзаност на сопствените етнички групи, отколку на поширокото друштво, тој отров се разви во спротивност со Република и нејзините вредности. Многу муслимани во Франција денес се заложници на фундаменталистичките салафисти и Муслиманското братство, кои ја користат својата религиска пракса како оружје против другите – пишува Валс/

Затоа Париз ќе биде приморан да „постигне рамнотежа со исламот“, а „Републиката нема да биде во можност да го гарантира правото на религијата“.

– Ако исламот не и помогне на Републиката во борбата против оние кои ја напаѓаат јавната слобода, на Републиката ќе и биде многу тешко да ја гарантира слободата за вероисповед на исламот – нагласи тој, додавајќи дека Франција треба да се обиде да изгради вистински пакт со исламот.

Екстремизмот турка стотини муслимани, дури и многу млади мажи и жени, да го подогнат оружјето и да се кренат против својата земја.

 

– Мораме да бидеме, а и сме, немилосрвни кон сите што заговараат омраза и насилство. Религиските објекти кои им пружат засолниште на џихадистичките проповедници ќе бидат систематски затворени. Доколку тие проповедници се странсски државјани, ќе бидат депортирани – остро заклучува премиерот.

 

Премиерот уште пред неколку дена нагласи дека треба да се размисли за односот меѓу Франција и исламот. Во петокот рече дека размислува за привремена забрана за странските финансирања на џамиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top