| четврток, 6 декември 2018 |

Мечка усмртена на автопатот Тетово – Скопје

Две возила, синоќа пред полноќ, на автопатот Тетово-Скопје налетеле на мечка и ја усмртиле, информираат од СВР Тетово. Во сообраќајната несреќа полесно се повредени две лица.

Несреќата се случила околу 23.30 часот во близина на клучката за селото Групчин, кога во животното кое се нашло на коловозот најнапред налетал мини-бус „iвеко“ со германски регистaрски ознаки. Набрзо потоа во мечката удрило и патничко моторно возило „сеат леон“, кое го управувал В. М. (35) од Скопје.

Мечката била усмртена на самото место, а две лица кои биле во „сеатот“ се полесно повредени.

По пријавувањето, на местото бил направен увид, а животното во текот на денот ќе биде предадено на одговорните од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од почетокот на годината, на автопатот Гостивар – Скопје регистрирани се повеќе од 70 сообраќајни незгоди предизвикани од животни што се нашле на коловозот. Најчесто, возилата налетуваат на бездомни кучиња.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top