Германските автопатишта претрпеле огромна штета само неколку дена откако почнаа жештините во таа земја. Бетонските плочи од топлината се распукале. Ако брзо не се реагира, мала е веројатноста дека овие патишта ќе ги издржат егектите на глобалното загревање.
Жешкиот бран ја погоди Германија и температурите над 30 степени Целзиусови предизвикаа кобни последици на одделни делови на германските автопатишта. Бетонските плочи немаат доволно простори да се шират на топлината. Поради жештината, тие се „буткаат“ меѓусебе една со друга, поради што пукаат, се издигнуваат нагоре и се дробат.
Засега се затвоени три ленти на автопатот А1 северно од Хамбург, потоа делови од автопатот А10 кај Берлин, а тимовите за одржување и полицијата ја надгледуваат состојбата на автопатот А9 во Саксонија, западно од Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.