| четврток, 6 декември 2018 |

Трагичен крај – криминалец ја плукнал убавата полицајка и ја усмртил

policajka

Арина Колцова, 35-годишна полицајка од Киев, умре пред точно една недела во главниот град на Украина, по шестмесечна тешка борба со туберкулоза.

Така барем пренесуваат тамошните медиуми, кои истакнуваат дека Колцова ја чинел живот некој криминалец, кој ја плукнал во лице за време на приведуањето, со што на нејзиниот организам му пренел смртоносна бактерија.

Колцова, на почетокот немала поима што носи во себе, а дијагнозата е воспоставена откако еден ден се струполила на работа.

Лекарите се обиделе да ѝ помогнат на сите начини, дури и со хемотерапија, меѓутоа организмот на кутрата жена од ден во ден се повеќе слабеел, а загубила и многу килограми.

Полицајката зад себе оставила 14-годишна ќерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top