| четврток, 6 декември 2018 |

Паднала среде патека, трчале врз неа, но кога станала целиот стадион занемел (Видео)

Младата студентка и атлетичарка Хедер Дорниден учествувала на шампионската трка на Универзитетското првенство и на само еден круг до целта, таа се сопнала и паднала среде патеката.

carrera

Останатите атлетичарки претрчале врз неа, газејќи ја по нозете и по лицето, продолжувајќи натаму. Меѓутоа, иако никој не очекувал такво нешто, Хедер станала и продолжила, шoкирајќи ги, но и воодушевувајќи ги во исто време сите присутни.

Со оглед на фактот дека до крајот ималo уште 400 метри, никој не верувал дека Хедер ќе може да направи нешто, но на изненадување на публиката, таа полека ги престигнувала една по една останатите натпреварувачки, за во последниот момент да протрча низ целта – прва!

За вакво нешто може само да се поклониме, а оваа упорна и одлучна девојка стана вистинска инспирација за многумина, но и одличен доказ за тоа дека навистина сè може да се постигне само ако за тоа навистина постои искрена желба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top