| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто ја одбрав порнографијата: Оваа професија не е за секого (ВИДЕО)

Карли Ре Самерс своеволно одбрала да биде порноактерка. Таа има 23 години, живее во Манчестер и има диплома за моден дизајн. Сепак, Карли Ре, или како што пријателите ја викаат – Џејд, не се кае за својот избор да работи во порноиндустријата.

Својата искрена исповед ја објавува јавно, а „Би-Би-Си“ за неа направи и документарен филм „Зошто одбрав порно“.

Карли Ре вели дека овој филм и е исклучително важен бидејќи сака да му покаже на светот дека оваа професија и не е таква каква што сите ја претставуваат.

– Нема да лажам дека работата е совршена, но која работа е? Понекогаш е многу исцрпувачко и ме преморува. Некогаш снимањето трае со часови, а се почнува многу рано. Се будам во шест наутро за да стигнам на возот во 8 часот, а дома се враќам дури околу 23 часот. Меѓутоа тоа им се случува на сите што мораат да патуваат до своето работно место – раскажуваа таа.

Таа вели дека сака луѓето да сфатат колку оваа работа ја променила, но на подобро. Морала брзо да порасне, но работата ѝ помогнала да ја развие самодовербата и да се изгради како личност.

Во филмот Карли Ре зборува и за компликациите што ги носи со себе оваа професија, како и колку е тешко да се пронајде момче што е отворено за врска со порноѕвезда.

Додава и дека како и секоја жена во доминантен машки свет, понекогаш мора да се бори за да го наметне своето мислење.

– Гледањето порнофилмови и дружењето со девојките од индустријата ме научи дека не сум сама и дека сите жени поминуваат низ исти проблеми – вели Карли Ре, додавајќи дека се смета за феминистка бидејќи уште од својата 21 година е финансиски независна.

Таа вели дека порноиндустријата не е за секого бидејќи сè уште живееме во време кога е незгодно да се зборува за менструација.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top