| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши блокадата на воената база „Инџирлик“ во Турција

turska_specijalci_ap_mainЧетиричасовната блокада на војната воздухопловна база Инџирлик во Турција заврши. Според американските медиуми, блокадата се случи на ден пред посетата на американскиот морнарички генерал Џозеф Данфорд, шеф на Генералштабот на оружените сили на САД.

Воздушната база Инџирлик која ја користат силите на САД и на НАТО, претходно беше опколена од 7.000 турски специјалци со борбени возила, а според владини претставници се работеше за „безбедносни проверки“. Не се потврдија информациите за евентуален нов обид за преврат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top