| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобриот фудбалер во Шкотска уапсен поради тепачка

Мајкл Хигдон завчера ја доби наградата за најдобар фудбалер сезонава во Шкотска, а вчера ја прослави со тепачка во ноќен бар во Глазгов и заврши зад решетки. Играчот на Мадервел е опасен и на фудбалските терени и надвор од нив, а против него ќе биде поведена истрага. Тој е пуштен да се брани од слобода. Сезонава 29-годишниот напаѓач на Мадервел постигна 26 гола на 35 натпревари и заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер во Шкотска. По инцидентот најави и прес-конференција, но подоцна ја откажа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top