Навивачите користат најразлични методи за поддршка на своите миленици, но досега е незабележано некој да прди и со тоа да го деконцентрира противникот. И тоа се случи на светското првенство во снукер, на мечот меѓу легендарниот Рони О’Саливен и Џуд Трамп. Трамп беше на потег, а на двапати некој од публиката испушти „гулапче“ во момент кога противникот на Рони се готвеше за удар. Во снукерот се бара потполна тишина од гледачите, што не беше случај во овој меч.
На О’Саливен не му требаше ваква поддршка и помош и очигледно беше дека и нему му е непријатно од однесувањето на гледачот.
Тој ги победи сите противници и ја освои петтата титула светски првак. Во финалето со 18-12 го надигра Бери Хоукинс и сега е на само 2 трофеи од рекордот на Стивен Хендри, кој има најмногу титули, дури 7. Интересно е што О’Саливен не настапуваше 11 месеци, а се врати со учество на СП во Шефилд и ја одбрани ланската круна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)