| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени двајца браќа – планирале нов напад во Белгија

Двајца браќа, припадници на локалната муслиманска заедница, се уапсени во Белгија под обвинение дека планирале терористички напади. Браќата Нуредин Х. (33) и Хамза се уапсени во рамки на една поширока антитерористичка операција, по извршениот претрес во куќи во реонот на Монс и на градот Лиеж.

Во соопштението на белгиското обвинителство се вели дека во текот на операцијата не било откриено оружје или експлозивни направи.

На територијата на Белгија и натаму е во сила безбедносната тревога, воведена по терористичките напади од март оваа година. Во нападите врз аеродромот во Брисел и локалното метро беа убиени 32 лица, а повеќе десетици беа полесно или потешко повредени.

Овие два напада беа поврзани со џихадистите од Исламска држава (ИД), но во денешното соопштение на белгиското обвинителство не се споменува дали двајцата уапсени биле во некаква врска со милитантната исламистичка група.

Мерките за безбедност во Белгија беа особено зајакнати пред 21 јули, Националниот празник во земјата, стравувајќи од можно повторување на нападот во Ница, на 14 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top