Седумгодишно девојче почина во болница по несреќата во Зоолошката градина во Рабат, Мароко.
Неименуваното девојче со семејството се фотографирало пред делот каде се наоѓал слонот. Нејзиниот татко ја кренал на рамениците додека позирале за фотографијата.
Во еден момент слонот со сурлата кренал камен и го фрлил во воздух, погодувајќи го притоа девојчето во глава.
Девојчето било одведено во болница во несвесна состојба, но лекарите не успеале да го спасат.
Сведоците велат дека семејството долго чекало амбулантно возило да дојде по девојчето.
Вработените во зоолошката градина во главниот град на Мароко го изразиле своето сочувство и изјавиле дека такви трагедии речиси и да не се случуваат.
Трагичниот настан бил снимен со камера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)