| четврток, 6 декември 2018 |

Бодичек на Леонардо а-ла Стоилов (видео)

Спортскиот директор на Пари сен Жермен, Леонардо, ќе мора да одмори извесен период, по инцидентот на натпреварот на „светците“ од Париз, со Валенсиен. Бразилецот со бодичек а-ал Стоилов, го нападна судијата Александре Кастро, незадоволен од арбитражата. Натпреварот заврши нерешено 1-1, а и Пари сен Жермен е пред казна, ако се почитува правилникот за натпревари во Франција, што може да им ја загрози титулата.

Кастро престрого го исклучи стоперот на ПСЖ, Тијаго Силва, па збесна Леонардо и направи глупав гест по мечот. Пари сен Жермен има 7 бода предност пред Марсеј, на 3 кола до крајот, и му требаат уште само 3 бода, за да ја завери третата титула во клупската историја. Но, по инцидентот што го направи Леонардо, симпатизерите на ПСЖ стравуваат од одземање бодови и тоа точно 9, ако се почитуваат правилата, со што првиот трофеј по пауза од 19 години, би останал само сон.

– Ова не е нромално. Па тој судија на 10 натпревари сезонава има покажано 48 жолти картони и 5 црвени. Кој му дозволи да суди ваков значаен меч – рече Леонардо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top