| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Илинден продава земјиште за фабрики во Белимбегово

svajcarija fabrika

Две градежни парцели за изградба на индустриски објекти во стопанскиот комплекс Белимбегово, продава Општина Илинден.

Првата која e со површина од 87.065 квадратни метри е наменета за откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи, додека втората чија големина изнесува 19.334 квадратни метри е наменета за лесна и незагадувачка индустрија.

Според огласот, почетна цена за земјиштето е 61 денар за квадратен метар за првата, и 148 денари од метар квадратен за втората парцела.

Електронската јавна лицитација ќе се одржи на 4 јуни. Заинтересираните за учество треба да ги достават своите пријави најдоцна до 30 мај. По склучениот купопродажен договор, најповолниот понудувач ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобренија за градење на предвидените објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top