Доаѓањето на Гонзало Игуаин во редовите на Јувентус ќе значи и неизвесен првотимски статус на хрватскиот напаѓач од редовите на „старата дама“, Марио Манџукиќ. Тој би можел да биде првата „жртва“ со доаѓањето на Игуаин, а за неговите услуги интерес постои од премиерлигашите Арсенал и Вест хем.
Тимот од „Емирати“ е во предност затоа што екипата на Арсен Венгер во следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Од друга страна, Манџукиќ е во одлични односи со менаџерот на Вест хем, Славен Билиќ, и под негово водство дебитираше во селекцијата на Хрватска.
Вредноста на Хрватот на фудбалската берза изнесува 25 милиони евра, а германските медиуми најавуваат дека интерес за Манџукиќ искажува и раководството на Волфсбург, клубот кој го купи голгетерот од Динамо Загреб за седум милиони евра во 2010 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.