Електронските цигари емитуваат токсични испарувања, а на количината на штетност на тие испарувања влијаат фактори како што се температурата, видот и колку години е стар уредот.
Ова го покажуваат најновите резултати од лабораторијата „Лоренс Баркелеј“ во Калифорнија која дава податоци за сите оние кои сметаат дека електронските цигари се безбедни за употреба.
Студијата е објавена на 27 јули во журналот „Енвајерментал сајнс и технолоџи“.
– Тие што ги форсираат електронските цигари велат дека емисијата на овие токсични испарувања е многу помалку штетна од обичини цигари, па се залагаат за тезата дека е многу подобро да се користат електронските од обичните цигари. Обичните цигари се ужасно нездрави, а електронските цигари се едноставно нездрави и во ниту еден слулај не се сигурни и безбедни – вели учесникот на студијата Хуго Десталатс.
Од осми август американската администрација за храна и лекови ќе ги регулира новите прописи во врска со електронските цигари, но и обичните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.