Ако сакате да го исчистите воздухот во вашиот стан или куќа, а да не внесувате токсини, престанете да користите мирисливи свеќи. Свеќите најчесто се направени од парафински восок кој кога се топи испушта многу отрови супстанци поточно бензен и тоулен, познати канцерогени супстанци.
Истите тие токсини се наоѓаат во дизел горивата. Но, не е само восокот единствената лоша работа во мирисливите свеќи – многу од нив содржат фитиљ кој е направен од тешки метали, како што е оловото кое исто така е голем загадувач во околината и е штетен по здравјето.
Ако сепак сакате да ги користите, доволно е да ги одберете оние мирисливи свеќи кои се направени од восок од пчели или соја со памучен или дрвен филтер. Исто така, многу е важно тие мириси да се направени од етерични масла за да се избегнат отровите состојки кои често се „кријат“ во мирисот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.