| четврток, 6 декември 2018 |

Најштетни комбинации на храна што ги јадеме секој ден

Сите знаеме колку може да биде штетно и опасно да се консумира брза храна, но и понатаму сите сме опкружени со неа и таа секогаш е првиот избор кога човек е гладен.

ovosen-jogurt

Постојат комбинции на храна коишто можат да бидат ризични за здравјето на човекот.

1. Овошје за време на оброкот или после него

Овошјето во организмот се апсорбира многу брзо, поминува низ стомакот и потоа доаѓа во цревата. Кога овошјето се комбинира со житарки или месо, може да остане премногу долго во организмот и да почне да ферментира. Ова може да им нанесе штета на ѕидовите од цревата.

2. Животински протеини и скроб

Со варењето на јаглехидрати и животински протеини, се губат нивните позитивни ефекти. Различните ензими за варење се судруваат и можат да предизвикаат гасови и надуеност.

3. Скробести јаглехидрати и домати

Скробестите јаглехидрати како што се лебот, компирот, грашокот, оризот, гравот и тестенините никако не би требало да се комбинираат со домати, бидејќи тоа може да доведе до проблеми со варењето. Исто така, се верува дека комбинацијата на овие продукти може да доведе до прекумерен замор и по одморот.

4. Овошје и јогурт

Комбинирањето на овошје и млечни производи може да предизвика секакви проблеми. Млечните производи можат да доведат до проблеми со варењето, да ги блокираат синусите, да поттикнат настинка и да ги влошат симптомите на алергијата. Кога се комбинираат со овошје, симптомите можат да бидат уште полоши.

5. Корнфлекс и млеко

Ова може да биде шок за многумина, бидејќи станува збор за еден од клучните оброци коишто ги консумираме за појадок, но и двата продукти содржат јаглехидрати кои брзо се варат и поради тоа го ставаат нашето тело под стрес. Комбинацијата на овие продукти исто така може да го зголеми и нивото на шеќер во крвта, па поради тоа ќе бидете изморени кога ќе се вратите во нормала. Ако веќе не можете без оваа комбинација за појадок, обрнете внимание на тоа што би требало да изедете пред одење на спиење.

6. Хамбургер и помфрит

Храната со голем процент на масти и други хемикалии може да создаде супстанција слична на јаглен. Кога таа ќе се искомбинира со шеќерот во помфритот, доаѓа до создавање на цитокини кои предизвикуваат воспаление во телото и го забрзуваат процесот на стареење.

7. Мафини и овошни сокови

Комбинација што нуди многу калории и малку нутритивни вредности. Кога ќе го започнете денот со оваа комбинација може да дојде до пад на енергијата и глад до попладневните часови па можете да бидете мрзоволни додека не ја добиете следната „доза“. Недостигот на протеини и влакна се судира со високата потрошувачка на шеќер и го доведува во неред шеќерот во крвта. Ако ви се јаде мафин одберете го оној што е правен од цело зрно, и третирајте го своето тело со почит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top