ФК Вардар организира летен камп за деца во Охрид и тоа во две смени. Првата од 7 до 12 август, а втората од 16 до 21 август. Првата смена е наменета за деца од генерациите 2003 и 2004 година, тренери ќе бидат Андон Андовски и Филип Арсовски, а на голманите Слободан Мутибариќ. Втората смена е наменета за деца од генерациите 2005 и 2006 година а тренери на малите фудбалери ќе им бидат Игор Кралевски и Зоран Петковски.
Сите тренери кои секојдневно ќе се грижат за децата се со ПРО и А УЕФА лиценци. Сместувачките капацитети се во близина на терените за тренинг, во комплексот „Билјанини извори“. До сега се пријавени околу 300 деца, а нешто повеќе околу кампот низ разговор објаснува координаторот на младинските категории на ФК Вардар Сашо Милошевски.
ФК Вардар органзира летен камп за деца, за генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006 година. Минатата година ваков камп имаше во Дојран. Какви беа резултатите од тој камп?
– Минатата година одржавме ваков камп во Дојран, каде што имаше околу 300 деца во Дојран, каде што помина во најдобар ред, беа организирани секојдневни тренинзи по два пати на ден, теоретска настава со децата, едукација на тренерите, се одиграа доста натпревари меѓусебе и од тој камп скаутиравме и одбравме повеќе деца за во нашите младински генерации и истите со успех го носеа нашиот дрес – изјави Сашо Милошевски.
Целото интервју со координаторот на младинските школи на ФК Вардар и на летниот камп „Вардар“ може да го прочитате на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.