Трговец од северот на Индија со секира убил двајца сопружници поради долг од 15 индиски рупии (12 денари), соопшти денеска локалната полиција.
Станува збор за средовечна брачна двојка од пониска каста, кои живееле во сојузната држава Утар Прадеш. Минатата недела тие купиле стока од локалната продавница и го замолиле 60-годишниот сопственик да почека за парите неколку дена.
– Немилиот настан се случил изутринава, кога тие тргнале да одат на работа. Сопственикот на продавницата настојувал тие да му ги исплатат парите, а тие пак, го молеле долгот да го вратат подоцна. Тогаш тој се разгневил и ги нападнал со секира. Се разбеснил поради долгот и ги убил, изјави одговорниот инспектор.
Кусо по инцидентот, убиецот е уапсен, а пронајдено е и оружјето со кое го извршил двојното убиство.
Годишно во Индија се случуваат стотици убиства во афект, и тоа неретко заради ситници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка