На самото влегување во градот, поворката која го носи олимпискиот факел беше попречена од штрајкот на професорите, при што демонстрантите успеале да го угасат огнот.
Заради инцидентот, трчачот и факелот со автобус ја минале предвидената делница. Демонстрантите почнале да фрлаат камења на автомобилите од поворката, на што полицијата реагирала со солзавец. Заради целата ситуација, дел од носителите на факелот одлучиле да се откажат од својот ангажман.
Портпаролот на Рио 2016 објаснил дека има други 8 фенери во кои постојано гори Олимпискиот оган, па кога ќе се изгаси факелот, тој повторно се пали од нив, „огнот никогаш не е изгасен.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)