Алабанските медиуми продолжуват со провокации. „Кохањуз“ на својата страница на „фејсбук“ објави дека е постигнат гол на стадионот „Адем Јашари“. Фудбалерите на тетовска Шкендија вечера беа домаќини на арената „Филип втори“, но тетовци продолжуваат со провокации, нарекувајќи го стадион „Адем Јашари“.
Уште на флаерот минатата недела пред мечот со Млада Болеслав, тие напишаа дека мечот се игра на „Адем Јашари“, а не Арена „Филип Втори“.
Инаку, клубот од Тетово со 2-0 славеше над Млада Болеслав и со едната нога веќе е во последното плеј-оф коло од квалификациите во Лига Европа
Вечерва избраниците на Акраповиќ максимално го искористија црвениот картон на Хулка, кој беше исклучен на стартот од вториот дел за прекршокот од зад грб врз Хасани.
Со играч повеќе на теренот, Шкендија поведе преку Жуниор во 69. минута.
Бразилецот потоа му асистираше на Хасани за предност од 2-0 и голема победа во пресрет на реваншот во Чешка за седум дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.