До крајот на годинава ќе почне изградбата на новата зграда на основното училиште „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, општина Аеродром.
Ова денеска го истакна заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на 109. седница, на која се поставуваат пратенички прашања.
– Во рамки на нашите посети кои беа реализирани при теренските активности и средбите со граѓани кои ги имавме во општина Аеродром, беше побарано во населеното место Лисиче да се изгради комплетно нов објект за основното училиште „Димитар Македонски“. На нашата последна посета беше направена целосна анализа на постојниот објект. Тој објект не може да се санира и неопходно е да се изгради комплетно ново училиште – појасни Ристовски.
Министерството за образование и наука, како што рече, распиша јавен повик за избор на компанија која ќе го изготви идејното и проектно решение за ова училиште.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.