| четврток, 6 декември 2018 |

Раца избра, Ромео Тревис е новиот „Македонец“ (видео)

romeo trevis

Крилниот кошаркарски центар на француски Ле Ман, Ромео Тревис е изборот на Македонската кошаркарска федерација, како натурализиран играч, за засилување во нашата репрезентација пред квалификациите за пласман на ЕП кои ќе стартуваат веќе на крајот од август.

Во ситуација кога селекторот Драган Раца беше јасно дека ќе биде ангажиран кошаркар кој ќе помогне во играта под обрачите, а изборот падна на искусниот Тревис, кој е со богато кошаркарско искуство.

– Ромео Тревис е играчот кој го ангажиравме како засилување за репрезентацијата. Разговаравме со неколку кошаркари на различни позиции, но кога веќе се одлучивме тоа да биде центар, поради потребата, тогаш веќе стана јасно дека Тревис ќе биде нашето засилување. Доаѓањето на новиот член се очекува до крајот на неделата, а веќе од понеделник треба да се појави на тренинзи – изјави селекторот Раца.

31-годишниот Тревис во својата кариера претходно има настапувано и за германскиот прволигаш Улм, израелскиот Хапоел Гилбоа, хрватскиот Задар, Химик но и француски Стразбур.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top