Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, заедно со вицепремиерот Mуса Џафери и уште неколку сопартијци е во дипломатска офанзива во САД. Според агендата тие треба да остварат средби со претставници на Белата куќа и Стејт департментот, а во фокусот на разговорите е решавањето на спорот со името и влезот на Македонија во НАТО.
Претставниците на ДУИ треба да се сретнат и со медијаторот Метју Нимиц и со американскиот потпретседател Џо Бајден.
Шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби во изјава за Радио Слободна Европа вели дека меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ нема разлики околу спорот за името
„Не верувам дека имаме разлики. Сметам дека имаме заеднички став и тоа е прокламирано и од страна на премиерот и од страна на господинот Али Ахмети, но и од страна на опозициските лидери, дека сите заеднички се залагаме да се решат кои било спорови што стојат меѓу нас и членството во НАТО и во ЕУ“, вели Груби“ – вели Груби за РСЕ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.