Папата Франциско падна за време на посетата на Ченстохова, Полска. Папата тргна да му се обрати на насобраниот народ, но одеднаш падна.
79-годишниот папа, кој потекнува од Аргентина, брзо беше кренат на нозе од другите верски лица. Тој потоа го зазеде своето место, ја продолжи мисата и нормално ја прочита својата проповед.
Франциско страда од ишијас, од кој болката понекогаш сериозно влијае врз ногата и долниот дел на грбот.
Папата Франциско се наоѓа во петдневна посета на Полска и отиде во најсветиот храм на земјата во градот Ченстохова, во јужниот дел на земјата.
Во храмот се наоѓа Црна Марија, византиска икона од некаде помеѓу шестиот и деветтиот век. Таа била донесена во Полска пред околу 600 години. Иконата е насликана на дрво и покриена со сребро и скапоцени камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)