| четврток, 6 декември 2018 |

Почина туристка во Охрид, телото на обдукција

Вчера во 18.35 часот во СВР Охрид, лекар од Итна медицинска помош Охрид пријавил дека во комплексот „Свети Стефан“ непознато женско лице не давало знаци на живот. Таа со возило била префрлена во Центарот за кардиоваскуларни болести во „Св.Стефан“ каде што доктор констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увидна екипа екипа на СВР Охрид бил извршен увид на местото на настанот и било констатирано дека се работи за Ф.С. (35) од Холандија, која престојувала во хотел заедно со нејзиниот сопруг Д.Х.Х. (43) од Холандија. По наредба на Јавен обвинител бил извршен увид и во собата во која престојувала починатата.

Во текот на денешниот ден над телото на починатата ќе биде извршена обдукција во Медицински центар Битола, Оддел за судска медицина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top