Кристијано Роналдо важи за арогантен, но секси фудбалер. Тој, исто така, е еден од најхуманите спортист на денешницата.
Роналдо има совршено тело, често е фотографиран, но дали сте забележале дека нема ниту една тетоважа?
Не само што нема, туку и не планира да стави, а причината ќе ве воодушеви.
Тетовирањето се смета како ризично поради можноста од зараза со болести како хепатитис Б или Ц или инфекции.
Поради тоа, тетоважите влијаат врз соодветноста на дарителите на крв, а Роналдо тврди дека затоа никогаш нема да го украси своето тело на овој начин.
Фудбалерот со години донира огромни износи и им помага на деца болни од тешки болести.
Минатата година тој беше прогласен за најхуманиот спортист на годината, а во јуни 2016 година донираше 600.000 евра во добротворни цели.
По победата на Португалија на Европското првенство во фудбал, тој издвои 275.000 фунти за организација која им помага на деца болни од рак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.