Жители на скопската населба Топаана, тврдат дека полицијата ги нападнала без причина, откако силите на МВР дошле во Топаана, да бараат затвореник кој бил пуштен на викенд од КПУ Шутка, но не се вратил.
Како што пренесува 24 Вести, топаанчани, како што велат реагирале на бруталноста на полицијата, каменувајќи ја.
Од МВР пак велат дека немало употреба на прекумерна сила и соопштија дека привеле пет лица и затвореникот кој бил пуштен на викенд. Оттаму ги повикаа сите граѓани кои наводно биле тепани и се здобиле со повреди од полициските службеници, да реагираат во МВР.
Според МВР, затвореникот учествувал во нередите, а при неговото апсење, полицајците биле попречувани од страна на 22 годишно лице.
При судирите, двајца полицајци биле повредени и завршиле во болница.
Жителите на Топаана обвинија дека полицијата ги тепала без никаква причина. Тие ја блокирале главната улица и не дозволуваат ниту еден автомобил да помине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)