Трговски центар во Бремен е евакуиран вечерва, бидејќи германската полиција трага по 19-годишниот Алжирец, кој избегал од психијатриска институција. Се верува дека имал врски со исламските екстремисти, јавува германски „Билд”.
Весникот цитира извори од полицијата, кој изјавиле дека дејствувал сомнително во трговскиот центар, но други детали не се наведени. Полицијата евакуацијата ја опиша како антитерористичката операција, пренесува „Ројтерс“.
Специјални единици се испратени во овој град во северниот дел на Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.