Марија Шарапова си најде нов тренер, а Германецот Дитер Киндлман има интересен договор со руската тенисерка, според кој не смее да има љубовна врска со неа, ниту пак секс. Тоа беше главен услов поставен од тимот кој се грижи за кариерата на Марија.
– Апсолутно се соглсив и го потпишав договорот. Љубов и секс на работа се забранети, а и онака никогаш немаше ни да помислам на такво нешто. Знам дека Марија е среќна и има одлична врска со момчето – изјави Киндлман.
Марија е среќна и има врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров. Pретходно ја раскина свршувачката со српскиот кошаркар со словенечки пасош Саша Вујачиќ, a важи за една од најзгодните тенисерки на планетата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.