| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање за време на снимањето на спотот на Џеј Ло

Познатата пејачка Џенифер Лопез била  итно евакуирана откако на локацијата на која снимала спот за песната „Live It Up“ во  Форт Лодердејл, се слушнале истрели на неколку куршуми. На вооружениот инцидент, кој се случил доцна синоќа, веднаш реагирале припадниците на службата за обебзедување. Тие ја сместиле Џеј Ло на сигурно место. Биле приведени неколку лица.

Новинарот на магазинот „Ентертејмент Тунајт“ кој на сетот правел интервју со Лопез, по инцидентот на својот профил на твитер напиша: „Вонредна вест: Пукање за време на моето интервју со Џенифер Лопез на плажата во Форт Лодердејл. Не се шегувам. Обезбедувањето ја заштити. Слушам и гледам Брза помош. Полицијата потврди дека станува збор за пукање. Никој не е погоден“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top