Британскиот новинар и поранешен уредник за надворешна политика на „Скај“, Тим Маршал за „БиБиСи“ даде свој коментар во врска со неодамнешниот државен удар во Турција и порача дека пучистите направиле две големи грешки…
Според познатиот британски новинар, двете грешки кои што пучистите ги направиле во нивниот обид за државен удар се тоа што не бил убиен турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и тоа што не биле блокирани сите медиуми.
-Пучистите направија две големи грешки. Тие не го убија претседателот Ердоган. Тоа е првата работа која што требаше да биде направена. Јас тоа не го оправдувам, но првото правило за државен удар е да се убие или да се зароби лидерот на земјата, изјави Тим Маршал.
-Во 21-ви век тие пропуштија блокада на медиумите. Се емитуваше програма во живо, а не беа блокирани ниту социјалните медиуми. Ердоган, кој самиот ги мрази социјалните медиуми, на ироничен и лицемерен начин го користеше „Фејстајм“ и ги повика луѓето да излезат на улиците, изјави Маршал и додаде:
-Од минарињата на џамиите беа повикувани луѓето да излезат на улица, а во рок од само половина час, народот излезе на улиците и државниот удар беше пренасочен во обратна насока, порача Маршал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)