Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски јавно да ги каже имињата на фирмите и лицата кои му давале бизнис понуди, што според нив е случај на корупција и нудење мито.
-Изминува и вториот ден, а Жерновски сé уште не собра храброст да ги пријави оние кои му нуделе бизнис понуди- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму, уште еднаш апелираат и бараат од Жерновски да излезе во јавноста и да ги каже коруптивните понуди кои на директен или индиректен начин пристигнале до него.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ако Жерновски продолжи да молчи, во тој случај тој, за прикрива урбаната мафија како што и самиот милува да ја нарече.
Да потсетиме, Андреј Жерновски во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа истакна дека го него пристигнувале повици да не презема ништо за Урбанистичкиот план на Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


