
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Игор Кралевски кој зад себе има голема меѓународна кариера, по завршувањето со активното играње фудбал, би се рекло дека не ги закачи копачките на клин, туку веднаш се впушти во тренерските води.
Денес е во редовите на најтрофејниот македонски фудбалски колектив ФК Вардар и е главен тренер на генерацијата на деца родени во 2006 година. Одлично се снаоѓа на новата функција, како што вели во интервјуто за „вардарфанс“, работата со младите категории е тоа вистинското. Максимално е исполнет бидејќи сеуште може многу да помогне за Вардар и за македонскиот фудбал, во изнаоѓање и тренирање на млади таленти.
Изминатава сезона започнавте да работите во младинските категории на Вардар. Најпрво како тренер на генерација “2007“, по што бевте префрлени да работите со вардаровата генер “2006“. Со оглед дека ова е прво ваше тренерско искуство како се снајдовте во новата улога и што беше тоа што најмногу ве потикна да започнете да работите како тренер ?
– Изминатата сезона, точно пред една година започнав со работа во најголемиот и најтрофејниот клуб во Македонија, тоа е ФК Вардар. Со голема желба и труд ја извршувам функцијата на тренер во младинските категории на Вардар. Како почетник ја добив нормално најмалата генерација, кои тогаш беа родени “2007“ година и за многу мал период од околу три месеци го освоив и првиот мој турнир како тренер. По договор со најдобриот и највредниот работник, координаторот Сашо Милошевски ја превземав генерацијата родени “2006“ година. Уште на стартот на сезоната, како најталентирани играчи од генерацијата “2006“, Давор Лефковски и Дарко Сековски беа повлечени од страна на тренерот Зоран Петковски, за да настапуваат кај генерацијата родени “2005′ година, со што мојата екипа уште од почетокот беше ослабена. Со напорна работа и со несебично пренесување на моето долгогодишно меѓународно исксутво на моите дечиња, родени “2006“ година и со поделба на две групи составени од по 12 играчи направивме да има голем напредок кај оваа генерација. Поттик за оваа несебична и искрена работа беше токму моето детство поминато во младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Од моите 8-18 години го носев црвено-црниот дрес и поминав покрај легендите, Кочо Димитровски, Мето Спасовски, Васил Рингов и покојниот Перица Груевски. Во некои моменти од сегашната работа го препознавам моето детство и некои моменти од тоа време.
Во продолжение можете да го прочитате целото интервју на Игор Кралевски за спортскиот портал „вардарфанс“ на следниот ЛИНК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вардар испиша историја со најновиот ранкинг на УЕФА
-
Поранешен фудбалер моли за помош: Беше дел од „златниот“ Вардар, а сега трпи за леб (видео)
-
Муслиу си поигра мајтап со Вардар: Ќе потпише со Приштина, па веднаш на позајмица во Шкендија
-
Јаневски: Мора добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната, целта е нов трофеј


