| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена Звезда и Карабах ремизираа во гости, Динамо и Шахтјор убедливи дома

crvena-zvezda-260716

Српскиот шампион Црвена Звезда на гости против бугарскиот Лудогорец одигра 2-2 во првиот меч од 3. коло во квалификациите од Лигата на Шампиони. Нашиот репрезентативец Давид Бабунски не беше во составот на „црвено-белите“ за овој меч.

Македонецот Муарем Муарем во тимот на Карабах (Азербејџан) го одигра второто полувреме на гости против Плзен (Чешка), каде мечот заврши без голови.

Црвена Звезда и Карабах, каде настапуваат македонски фудбалери, имаат одлична можност за пласман понатаму пред реваншите на домашен терен.

Хрватскиот шампион Динамо Загреб, откако го елиминираше нашиот првак Вардар, продолжува со победи во квалификациите за ЛШ. Вечерва на „Максимир“ беше совладан грузискиот Динамо Тбилиси со 2-0.

Украинскиот Шахтјор Доњецк исто така оствари победа од 2-0, на домашен терен го совлада тимот на Јанг Бојс од Швајцарија.

Ајакс на домашен терен одигра само 1-1 против грчки ПАОК. Бате Борисов го совлада Дундалк (Ирска) со 1-0, Спарта Прага ремизираше со 1-1 против Стеауа. Салцбург со 0-1 славеше на гости против Партизани Тирана. Нерешено заврши и во Русија, Ростов и Андерлехт 2-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top