Андреј Жерновски, градоначалникот на Центар сé уште ги нема откриено имињата на оние градежници кои му нуделе мито. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа тој рече дека до него почнале понудите од градежната мафија, по што владејачката ВМРО-ДПМНЕ јавно го повика Жерновски да соопшти кој му нудел мито.
-Жерновски е должен како вршител на јавна функција, но на крајот на краиштата и како граѓанин на оваа правна држава, да излезе и јавно да ги соопшти, или до надлежните институции да ги пријави, субјектите кои му нуделе мито, бидејќи во спротивно тој ќе биде соучесник и ќе се смета дека прикрива случаи на корупција и нудење на мито. Доколку не го стори тоа, остануваат две опции. Првата опција е дека свесно лаже и ја манипулира јавноста, а втората опција е дека прикрива корупција или обид за корупција. Го повикуваме Андреј Жерновски да излезе во јавноста за да ги соопшти фирмите и поединците кои, до него и неговите соработници, како што тврди тој, испраќале коруптивни понуди или му нуделе мито, стоеше во реакцијата од владејачката партија.
Според нив доколку навистина има такви компании кои му нудат мито, Жерновски и пред граѓаните кои го гласале но и пред законот е должен јавно да ги објави нивните имиња и да поднесе соодветни кривични пријави. Ако Жерновски не го стори тоа, државните институции треба да реагираат и од него да бараат одоговорност за соучесништво и прикривање на сериозен криминал и корупција во неговата општина. Доколку Жерновски остане само на празни обвинувања и не ги соопшти имињата на како што вели луѓето од градежната мафија, тогаш граѓаните ваквото негово однесување треба да го сфатат како обид за манипулација.
-Воедно, со ова ќе се потврдат тврдењата на владејачката партија дека Жерновски почетокот на својот мандат го базира на клевети, лаги и политиканство. Според ВМРО-ДПМНЕ, Андреј Жерновски и понатаму ќе се занимава со се нешто освен со работите кои треба да ги сработи, а како и досега така и во натамошниот период ќе бара виновници кај другите, со цел да ја покрие својата безидејност – додаваат од партијата.
Жерновски за Радио Слободна Европа изјави:
– Јас не сум избран за да ја поддржувам градежната мафија, туку реков дека урбаната мафија ќе мора да си најде друга општина, нема што да бара во Центар. Ми пристигнуваат понуди да продолжам со тоа што е направено во Деталниот урбанисаитички план, понуди од типот да не преземам конкретни мерки за Деталните урбанистички планови на Водно и слично.
Некои медиуми го поставија прашањето дали можеби новиот градоначалник на Центар мисли на продолжување на соработката со поранешниот скопски градоначалник Ристо Пенов и бизнис компании и лица блиски до него, со оглед на тоа што Пенов од тогашната опозиција беше поврзуван со доста матни зделки за време на неговото владеење кое беше окарактеризирано како владеење на урбаната мафија. Во времето кога Пенов беше градоначалник на Скопје, неговите бизниси од тогашната опозиција беа окарактеризирани како матни и сомнителни. Токму поранешниот скопски градоначалник беше најсилниот поддржувач на Жерновски во трката за градоначалничката фотелја во Центар. Ваквите бизниси на семејството на Пенов доживеаја подем во периодот кога тој беше градоначалник на Скопје. Сопственици на луксузни дуќани во тоа време станаа негови блиски роднини и пријатели.
Понатаму тие пишуваат дека од друга страна, во времето кога Ристо Пенов ја извршуваше функцијата градски татко на Скопје, а Жерновски беше негов советник, според тогашните написи на медиумите актуелниот градоначалник на Центар ги искористил своите конекции за да ја вработи речиси цела потесна фамилија во Јавното Претпријатие Водовод во Скопје.
Сопругата, братот и неговата поранешна девојка, и братучед на Андреј Жерновски се вработени во Јавното претпријатие “Водовод”, дел од нив во ова претпријатие дошле токму во времето кога Жерновски беше советник на Пенов.
Весникот “Дневник” уште во 2006-тата повикувајќи се на свои извори од претпријатието пишува дека Жерновски успеал половина семејство да го вработи во јавното претпријатие. Тоа беше и до ден денес е еден од најголемите случаи на непотизам и партизација на едно јавно претпријатие. Платниот список од тоа време на Водовод наликува како да се работи за семејна фирма на фамилијата Жерновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


