| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер објави крај на сезоната

Федерер ја заврши сезоната, вистински шок за тенискиот свет.

Роџер Федерер се огласи со соопштение на својата фејсбук страна, каде напиша дека мора да го стори тоа како би можел уште да игра тенис во иднина.

– Многу сум разочаран бидејќи нема да настапам со репрезентацијата на ОИ во Рио и што ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Ги разгледав сите опции, а откако и се консултирав со докторите, донесов тешка одлука – напиша Федерер на фејсбук.

А подоцна и додаде:

– Докторите ме советуваа дека доколку сакам да играм тенис во наредните неколку сезони, а јас сакам, морам да прекинам да играм одредено време. Многу ми е тешко што нема да играм во остатокот од сезоната – допиша Роже на фејсбук.

Како што веќе е познато, Федерер има проблеми со повреда на коленото веќе подолг временски период, а поради таа повреде и веќе пропушти неколку турнири сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top