Нема повеќе дилеми, Гонзало Игуаин оваа сезона ќе го предводи нападот на Јувентус!
Како што потврдија сите италијански медиуми на чело со секогаш добро информираниот „Скај Италија“, Игуаин е нов член на Јувентус.
28-годишниот напаѓач ќе потпише договор на четири години за плата од 7,5 милиони евра по сезона.
Јувентус за трансферот на Аргентинецот ќе плати рекордни 90 милиони евра, што е највисок трансфер во историјата на италијанскиот фудбал и трет во светот, после оние на Герет Бејл (100 милиони евра) и Кристијано Роналдо (94 милиони евра).
За потсетување, преговорите траеја долго, познато е дека претседателот на Наполи, Де Лаурентис е тежок за договори, но на крајот Јувентус ќе ја плати откупната клаузула, а тука веќе Наполитанците немаат право на збор.
„Старата дама“ овој трансфер ќе го плати на рати, поточно на два дела по 45 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


