| четврток, 6 декември 2018 |

Пациент пукал во доктор, па се самоубил – детали за нападот во Берлин (ФОТО)

Неколку истрели се слушнале денеска околу 13 часот по локално време во Универзитетската болница во квартот Штеглиц во југозападниот дел на Берлин, Германија. Германската полиција потврди дека поранешен пациент пукал во доктор, кој е тешко повреден и се бори за живот. „Билд“ неофицијално пренесува дека се работи за постар доктор од орална хирургија.

3,w=993,q=high,c=0.bild

Напаѓачот веднаш потоа пукал во себе и се самоубил.

 

Инцидентот се случил на четвртиот кат на болницата, а очевидците слшнале неколку рафали, по што луѓе почнале да бегаат од зградата.

2,w=993,q=high,c=0.bild (2)

Антитерористичката единица и екипа на специјалните полициски сили брзо пристигнале на местото, по што зградата е евакуирана, а реонот затворен.

2,w=993,q=high,c=0.bild (1)

Овој напад се уште не е окарактеризиран како терористички. Сè уште не се открива ни идентитетот на напаѓачот.

3,w=993,q=high,c=0.bild (1) 2,w=649,q=high,c=0.bild2,w=993,q=high,c=0.bild (3)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top