Екипата на РК Вардар на 27 јули (среда) ќе ги почне подготовките за новата сезона 2016/2017. Првиот собир ќе биде во СЦ „Јане Сандански” во 10 часот.
Неколку дена ракометарите ќе тренираат во Скопје, каде ќе ги извршат и потребните лекарски прегледи, а потоа на 1. август екипата ќе замине на подготовки на Крањска Гора, Словенја.
Престојот во словенечкиот тренинг-центар е планиран до 12 август, период во кој веќе се закажани две пријателски средби со екипата на Горење. Натпреварите на 6 и 10 август ќе бидат првите тестови на екипата во пресрет на бурната сезона.
Градењето на формата ракометарите ќе ја продолжат во Белорусија, каде што ќе му бидат гостин тимот на Мешков Брест. Во Брест ќе престојуваат од 18 до 22 август, каде ќе учествуваат на силен подготвителен турнир против домаќинот, Висла Плоцк и против француски Сесон Рен.
На 22 август екипата се враќа во Скопје каде ќе ги продолжи подготовките за долгата и тешка сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.