Загина еден од заложницит,е кои двајца мажи вооружени со нож денеска ги држеа во заробништво во црква во северна Франција. Полициски извори за АФП велат дека киднаперите му го пресекле вратот на свештеникот на црквата „Сент Етјен“.
Претходно полицијата соопшти дека киднаперите се неутрализирани, а „Ројтерс“ јави дека тие биле убиени во заедничка акција на специјалните сили и на антитерористичката единица.
До инцидентот дојде денеска, кога двајцата мажи зедоа шест луѓе како заложници во црквата „Сент Етјен“ во градот Рувре, во околината на Руан во северна Франција. Меѓу заложниците биле свештеникот, како и две калуѓерки и посетители во црквата. Медиумите пренесуваат дека меѓу нив има повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.