| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка криза во Франција – двајца вооружени држат неколку лица во црква

Две лица вооружени со нож држат неколку лица како заложници во црква во Франција, пренесува „Индепендент“

Полицијата изјави дека инцидентот е во тек во црква во регионот на Нормандија, но засега нема детали за повредени или загинати.

Полициски извори за „Ројтерс“ велат дека заложниците се меѓу четири и шест лица, а се држат во црквата „Сент Етјен“ во градот Рувре, во околината на Руан во северна Франција. Наводно, меѓу заложниците се и свештеник и две калуѓерки, како и посетители во црквата.

На локалната телевизија беше објавено и дека се чуле неколку истрели.

Полициски сили веќе се на местото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top