| четврток, 6 декември 2018 |

Киднапирање во семејството Еклстоун – првиот човек на Формула 1 ќе плати 33 милиони евра откуп

Првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун е уценуван од киднапери што бараат околу 33 милиони eвра, пишуваат водечките бразилски дневни весници.

Во Сао Паоло во петокот била киднапирана Апаресида Шунк, мајка на сегашната сопруга на Еклстоун, Фабијана. Локалната полиција сѐ уште не го потврдила ова официјално.

Киднаперите, наводно, барале парите да бидат исплатени во британски фунти и поделени во четири пластични кеси.

Киднапирањата се вообичаени во Бразил. Според полициските податоци, дневно се пријавува киднапирање на неколку лица, но киднаперите за нив најчесто бараат откуп од неколку стотици долари.

Еклстоун (85), кој, според податоците на магазинот „Форбс“, тежи 3.8 милијарди eвра и е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот, се венча Фабијана (38) во 2012 година, три години откако ја запозна на трката за Големата награда на Бразил.

Берни беше 25 години во брак со Хрватката Славица Радиќ, со која има две ќерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top