Најмалку 19 лица се убиени, а 50 повредени во јапонскиот град Сагамихара кога на нив се нафрлил маж вооружен со нож.
Според последните информации, напаѓачот е уапсен и се наоѓа во притвор. Напаѓачот, како што се наведува, и’ се предал на полицијата и го признал нападот. Според извештаите, 20 од повредените се борат за живот и се наоѓаат во критична состојба.
Злочинот се случил во една зграда во Сагамихара, град западно од јапонската престолнина Токио.
Вработените повикале полиција известувајќи ја дека виделе маж со нож на возраст од околу 20 години.
Зградата во кој се случил нападот служи за згрижување на инвалиди и други немоќни лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)