| четврток, 6 декември 2018 |

По 15 часа чекале да ја преминат границата, хеликоптери им спуштале вода (Видео)

Хаосот на патиштата во близина на пристаништето Довер во југоисточна Англија може да трае до петок, откако се воведоа вонредни мерки за зголемување на безбедноста на границата во Франција.

Семејствата кои тргнале на море биле принудени да ја минат ноќта во своите автомобили. Француската гранична служба ги заострила безбедносните мерки после масакрот во Ница.

5794abbf-1bb0-4de3-954e-1f910a0a0a64-dover3-67900

Меѓутоа, во Довер не ги занемариле терористичките напади, па многумина тргнале на пат, по што се создал голем метеж кој траел повеќе од 15 часа.

Патниците, преку социјалните мрежи молеле за вода, бидејќи температурата се згоелмувала, па им била донесена со полициски хеликоптер.

Според извештаите од француската граница, секој патнички автомобил бил задржан по 40 минути на граница, а за време на ноќта работел само еден полициски службеник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top