Итната медицинска помош попладнево интервенираше по сообраќајна несреќа која се случила на раскрница на улицата “Козле” во истоимената населба во Скопје, а во која неколку лица се здобиле со повреди. Во сообраќајната несреќа учествувале такси возило и Волксваген. Засега нема информации за карактерот на повредите кои ги здобиле повредените. Во тек е увид на лице место од страна на екипа на СВР Скопје. Ова се фотографиите од несреќата кои ги испрати читател на Република.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


