| четврток, 6 декември 2018 |

23 нови проекти – Охрид пред инвестициски и градежен бум (ВИДЕО)

Охрид во наредната година до две ќе доживее силен инвестициски бум при реализација на проекти од различен карактер и ќе се вложат значителни износи на средства, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

23 крупни инвестициски зафати ќе се реализираат во Охрид во наредниот период. Дел од нив се во тек, а реализацијата на другите ќе почне наскоро, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Охрид викендов.

Во пакетот на 23 проекти спаѓаат:

1. Изградбата на Плаошник каде што Владата инвестира повеќе од 30 милиони евра при што местото ќе добие комплетен лик и автентичност до 2018 година.

2. Охрид ќе добие нов затворен базен на чијашто изградба се работи и ќе заврши во 2018 година.

3. Втората половина на следната година ќе се почне со градба на експресниот пат Охрид – Пештани во должина од 15 километри, а во тој период ќе почне и градбата на експресниот пат Требеништа – Струга.

4. Се гради и автопатот Кичево – Охрид каде што се пробиени повеќе од 80 проценти од трасата и се инвестираат 375 милиони евра. Треба да биде готов до 2018 година.

5.Ќе се гради и нов Конгресен центар. Изминатата недела повторно ЕЛЕМ распиша конкурс за избор на идејно решение по избор на идејното решение ќе се почне постапка за проектирање. Проценета вредност на проектот е 10 милиони евра. Доколку сè тече според планираното, ќе се почне со градба втората половина на 2017 година.

6.Избрано е идејно решение за нова пешачка патека на дел од Охридско Езеро. Во зависност од ГУП и измените на Законот за просторно и урбанистичко планирање, ќе биде одобрен инфраструктурен проект, по што ќе се почне со постапка за добивање одобрение за градење. Проценета вредност е повеќе од еден милион евра, кои ќе ги инвестира државната МЕПСО.

7. Мепсо ќе инвестира и во современа марина – избрано е идејно решение и проектант. Во согласност со роковите, проектантот има обврска да го изработи основниот проект и инфраструктирниот проект до декември 2016 година. Потоа ќе следува постапка за одобрение за градење и избор на изведувач.

8. Охрид ќе добие и нов театар (Дом на култура) –Урбанистичкиот план е во завршна фаза, ќе биде одобрен следната недела.

9. Ќе се уредува и плажата Лагадин. – избран е изведувач, во тек е процедура за добивање на одобрение за градење..

10. Охрид ќе добие нова катна гаража, чијшто инвеститор е ЕЛЕМ. Проценета вредност на проектот е 10 милиони евра. Во средина на наредната година би се почнало со градба откако претходно ќе се завршат потребните процедури.

11. Нова катна гаража ќе гради и АД за стопанисување со станбен и деловен простор. Во завршна фаза е одобрување на урбанистичкиот план, непосредно до домот на културата, по што ќе почне постапка за избор на идејно решение, изработка на проекти и избор на изведувач.

12. Се планираат и активности за изградба на Здравствен дом во Охрид, кој би бил засилување на постојниот здравствени капацитети во кој веќе активно се инвестира.

13. Освен тоа, во тек е постапка за одобрување на ГУП за град Охрид со што ќе се реши долгогодишно барање на граѓаните и ќе биде значајно за економскиот развој на градот.

14. Исто така, донесена е и програмата за привремени објекти, која е одобрена,

15. Општина Охрид изработува програма со која ќе се предвиди изградба на спортска сала, која ќе биде дел од заживувањето на просторот на старата касарна во Охрид за потребите на за Факултетот за информатички науки и технологии „Св. апостол Павле“.

16. Активно се развива и Академија за филмска и за телевизиска уметност ФАМУ, која егзистира во Охрид.

17. Во Охрид се градат и три тениски терени за што се инвестира 19 милиони денари и едно повеќенаменско игралиште од девет милиони денари.

18. Кога е спортот во прашање, се планираат и две повеќенаменски игралишта и спортска сала.

19. Утврдена е локација за игралиште на песок кое ќе се наоѓа во населбата Далјан, од страна на општина Охрид наредната недела ќе биде издадено решение за градење.

20. Ќе се гради и нова фитнес-зона за што е издадено одобрение за градење, се почнува со градежни активности за една недела.

21. Исто така, за Љубаништа има идејно решение и основен проект за плажа во должина од 500 метри, подготвено за тендерир, нема финансиски средства во буџетот.

22. Избрани се идејни решенија за уредување и на дополнителни три плажи на Охридско Езеро, општина Охрид и тоа: 120 метри плажа во населено место Далјан; 120 метри плажа во близина на т.н. Извиднички камп, 700 метри плажа на потегот од место викано Студенчишко Блато до хотел „Парк“. За сите е потребно да се изработи основен проект во наредниот период.

23. На крај изработена е физибилити студија од страна на МЕПСО за развој на Галичица и потенцијалите што  ги нуди за ски-центар со што би се заокружила туристичката понуда на Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top