Најдобрата тенисерка на Македонија, младата Лина Ѓорческа бележи нов најдобар ранкинг на ВТА листата оваа седмица.
Таа иако минатата недела не успеа да го заврши учеството на силниот турнир во Бурса поради познатите политчки настани во Турција каде се пласираше во полуфиналето, успеа за една место да ја подобри својата најдобра позиција и сега се наоѓа на 219. место.
Со овој ранкинг во моментов Лина ќе може да се пријави во квалификациите за последниот грен-слем во сезоната, Отвореното првенство на САД.
Таа покрај најдобриот пласман во поединечна конкуренција успеа да се искачи на листата на дубл уште за три места и сега се наоѓа на 183. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.