Насер Келеменди, балкански нарко-бос е уапсен во Косово – јави денеска црногорската телевизија „Вијести“. Апсењето било извршено доцна синоќа.
Врз основа на барање на Обвинителството на Босна и Херцеговина, лани во септември е распишана меѓународна потерница за Келеменди и повеќе други осомничени заради тешки дела на организиран криминал во БиХ.
Насер Келеменди е означен како лидер на една од најсилните криминални групи на Балканот, а во јуни лани е ставен и на црната листа на САД. Американскиот претседател во специјален извештај на Белата куќа го означи како главен дилер на дрога на Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации


