На територијата на Кувајт, емират на брегот на Персискиот Залив, се измерени 54 Целзиусови степени, што претставува највисоката измерена температура воопшто, во историјата на метеоролошките мерења, јави телевизијата „Ал Арабија”.
Како што пренесува ТАСС, рекордната температура од 54 Целзиусови степени, односно 129 Фаренхајтови степени, е измерена во средата на 20 јули, во местото Мутриба, северозападен Кувајт. Податокот за светскиот рекорд, претставен од кувајтските метеоролози, денеска се потврдени и од Светската метеоролошка организација.
Претходно, температура повисока од 54 степени била регистрирана само двапати. На 10 јули 1913 година во Калифорнија, во т,н. Долина на Смртта, каде што живата достигнала 56,7 степени, а на 13 септември 1922 година, во италијанска воена база во либиската пустина се забележани 58 Целзиусови степени. И во двата случаја, според експерти, мерењата биле направени со уреди со сомнителна точност, така што, ниту едниот, ниту другиот податок, не се признати како веродостојни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.